Молдавија како бизнис дестинација

32

Поздрав од Молдавија, земја која може да се нарече и голема граница меѓу Романија и Украина, земја која почнува на буквата М, како и Македонија. Нема пристап до море, а е многу блиску до море, земја на православни христијани, земја во која луѓето зборуваат романски и руски, а новите генерации и англиски. Земја која пред неколку години беше прогласена како втора земја по странски дознаки во светот со оглед на големата дијаспора што ја имаат во Италија, Шпанија, Русија, Украина… Молдавија има околу 3,5 милиони жители и малку поголема територија од Македонија.

Со два кратки лета од Скопје преку Истанбул и Истанбул – Кишнев за неполни 3 часа летање се стигнува во главниот град. Проблем е само големиот стоповер во Истанбул од 7 часа, кои можат да се поминат работно или да се искористат за бизнис средба на аеродромот со некоја турска компанија или партнер.

Какви се бизнис приликите и какви можности за бизнис има меѓу Македонија и Молдавија – читајте во следното мое пишување после серија од пет понеделнички состаноци со различни фирми и институции кои работат во сферата на претприемништвото и малите и средни претпријатија во Молдавија.

Поздрав од Кишнев, Молдавија
Јован Маџовски