Mомент што му го промени животот на најбогатиот човек во светот

165

Со богатство од 185 милијарди долари, основачот на компанијата за онлајн трговија Amazon, Џеф Безос е најбогат во светот, но можеби не е најпаметен, барем така мислел како студент.

Безос на почетокот на своите студии изучувал физика на Универзитетот Принстон. Тој бил еден од најдобрите студенти во својата генерација, но не сметал дека бил доволно паметен за да се натпреварува со другите. Затоа, се запишал на друга студиска програма – електротехника и компјутерски науки. Тој чекор му го смени животот на Безос.

“Погледнав низ просторијата и ми беше јасно дека има тројца студенти што беа многу подобри во физика од мене и за нив таа беше многу, многу полесна“, изјави тој за Wired во 1999 година.

Тогаш сфатил дека требало да се натпреварува со луѓе на кои мозокот им функционира поинаку. Безос се сеќава на случај кога не можел да реши математичка задача заедно со својот цимер. Конечно, двајцата одлучиле да побараат помош од трет студент кој веднаш го знаел решението. Тогаш Безос знаел дека треба да бара друга кариера.

“Тоа беше важен момент за мене бидејќи сфатив дека никогаш нема да бидам добар теоретски физичар“, изјавил Безос.

Безос ја сменил студиската програма и се посветил на основање и водење на сопствениот бизнис. Дипломирал на Принстон во 1986 година на електротехника и компјутерски науки. Во 1994 година, додека работел во инвестициски фонд, Безос открил дека интернетот расте за неверојатни 2.300% годишно, што го инспирирало да го основа Amazon како онлајн книжарница во 1995 година.

Фото: Freepik