Momofuku Nishi – ресторан што ќе служи “месни” веге – бургери

32

26-momofuku-burger.w710.h473.2xВо њујоршкиот ресторан Momofuku Nishi ќе се служи веге – бургерот што американскиот старт – ап, Impossible Foods, неодамна го создаде во својата лабораторија. Бургерот е базиран на растенија, вода, житни протеини, масло од кокос, протеини од компир и состојката хеме (heme), што се прави од соја и придонесува за “месната“ боја и текстура на бургерот.

Овој ’невозможен бургер’ (Impossible Burger) ќе биде послужен со зелена салата, домат, кисели краставички и специјален сос со вкус на мајонез и кечап, пишува The Star. Ресторанот, чиј сопственик е Дејвид Ченг, беше отворен во 2004 година и важеше за место во коешто никогаш нема да се служи вегетаријански оброк. Но, 12 години подоцна во неговото мени има многу вегетаријански јадења.

Веге – бургерот до крајот на годинава, ќе се служи и во одбрани ресторани во Сан Франциско и Лос Анџелес, по цена од 12 долари.

20160726-nishi_non_meat_burger.0momofuku-nishi-impossible-burger-bleeding-vegetarian-meat-1