Mонетите од 50 дени повеќе нема да се употребуваат

176

26042012173030_Macedonia-Currency-50-deni-03Од утре најниската домашна валута ќе биде еден денар, кованите пари од 50 дени повеќе нема да се користат.

Тоа значи дека заокружувањето на крајната пресметка во готовинскиот и безготовинскиот платен промет и во деловните книги, ќе се врши со тоа што износот до 49 дени ќе се занемарува, а износот од 50 до 99 дени ќе се заокружува на 1 денар.

На овој начин пресметкатата при извршување на трансакциите во готовинскиот и безготовинскиот платен промет, значително ќе се поедностави.

Банките ќе ја вршат замената на монетите од 50 дени до 31 март наредната година. По истекот на овој период таа ќе се врши во Народната банка. Монетите од 50 дени се помали од оние од 1 денар и имаат слична боја.

Кога за прв пат биле пуштени во употреба во1993 година го вклучувале и стилизираното сонце со 16 краци и претстава на галеб во лет.

Со првиот ден од Новата година во употреба ќе бидат монети од 1, 2, 5, 10 и 50 денари и банкноти од 10, 50, 100, 500, 1000 и 5000 денари.