Montblanc прославува 110 години постоење

105

luxury_watches_pens_mens_accessories_bags_montblanc_110_anniversary_1__980x457Во чест на 110 годишнината, производителот на ексклузивни пенкала и накит Montblanc претстави нова колекција инспирирана од змијата, пишува Luxpresso. Истата вклучува часовници, чанти, разни модни додатоци и инструменти за пишување.

Во изминативе 110 години Montblanc произведе голем број на уникатни парчиња коишто со задоволство им ги испорачуваше на своите клиенти. Брендот претстави широка палета на производи како на пример ограничената линија на часовници Collection Villeret Tourbillion Bi-Cylindrique, коишто имаат змија на своите бројчаници.

Како дополнување на часовниците се пенкалата Montblanc Heritage Collection Rouge и Noir Serpent, чантата Steame, нови изданија од колекцијата пенкала Meisterstück, како и модни додатоци за мажи Heritage Rouge & Noir.

Колекцијата ќе биде наскоро достапна во неколку одбрани продавници на брендот.