Монтенегро ерлајнс и Etihad потпишаа Меморандум за стратешка соработка

34

MA

Црногорската национална авиокомпанија Монтенегро ерлајнс (МА) и Etihad Airways потпишаа Меморандум за разбирање за стратешка комерцијална соработка. МА и понатаму останува во 100% сопственост на државата, јавува РТЦГ.

Со договорот е предвидено Etihad Airways да ѝ пружи поддршка на МА во подобрување на организациската структура поради поефикасно управување со компанијата, ќе придонесе за зголемување на обемот на сообраќајот преку координација и организација на летовите. Се очекува стратешката комерцијална соработка да придонесе до намалување на трошоците на МА и до профитабилно работење.