Црногорската национална авиокомпанија Монтенегро ерлајнс има долг од 69 милиони евра, пишува Побједа.
Најголем дел од тој долг, како што е соопштено на седницата на Одборот директори на компанијата, се однесува на обврската плаќање на данок и придонеси, долг кон Агенцијата за контрола на летање и Јавното претпријатие Аеродроми Црна Гора, како и на кредити кон банките.
Дел од долгот, на основа на заклучоците на Владата од март 2012 година, преку програма за консолидација требаше да преземат надлежните министерства, но заклучоците не се спроведени, ниту во ние е дефинирана висината на износот.
Одборот на директори вчера го именуваше Војин Влаховиќ за нов извршен директор на Монтенегро ерлајнс.