Монтенегроерлајнс доби дозвола да продаде три авиони

22

montenegro-airlines

Црногорската влада на вчерашната седница му даде дозвола на националниот авиопревозник Монтенегроерлајнс да продаде три авиони од типот Фокер 100, дознава CdM, пренесува Побједа.

Од Владата појаснуваат дека оваа одлука е донесена затоа што трите авиони се надвор од оперативна употреба бидејќи им истекле ресурсите.

Авионите Фокер 100 во просек се стари 23,5 години, со што спаѓаат меѓу најстарите летала од овој тип кои до скоро беа во оперативна употреба. Од друга страна, МА располага со три модерни авиони од типот Embraer ERJ-195 со просечна старост од само четири години. Еден од овие три авиони е во сопственост на авиокомпанијата, а останатите два се изнајмени на лизинг на осум години.

Монтенегроерлајнс минатата година ја заврши со загуба од преку 3,8 милиони евра. Авиокомпанијата вкупно должи околу 68 милиони евра.