Moody’s мора да плати казна од 3,7 милиони евра на ЕУ

20

Европското регулаторно тело за финансиски пазари изрече парична казна од 3,7 милиони евра на агенцијата за кредитен рејтинг Moody’s поради кршење на европските прописи, вклучувајќи и оценка на хартиите од вредност на компании во коишто има акции.

Moody’s ги прекрши прописите оценувајќи ги долгорочните хартии од вредност во компании во коишто има 10 или повеќе проценти удел или место во управата, утврди Европската агенција за хартии од вредност и пазари.

Казната се однесува на компании во Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија за период од 2013-та до 2017-та година.

Европскиот регулатор заклучува дека Moody’s немал намера да ги прекрши европските прописи и дека нивното прекршување не влијаело врз квалитетот на било која оценка.

Фото: Pexels