Moody’s го намали кредитниот рејтинг на Хрватска

32

moodysАгенцијата Moody’s и го намали кредитниот рејтинг на Хрватска на Ба1, а како причина за тоа ги наведува слабите шанси за економски раст и недостаток на фискална флексибилност на владата.

Рејтингот е намален од Баа3 на Ба1, односно на ниво “junk”.

Moody’s ги предупреди инвеститорите на финансиските пазари дека позајмувањето пари на Хрватска претставува значаен ризик.

“Владиниот капацитет за ребалансирање на економијата кон извозот е ограничен. Очекуваното приклучување кон Европската унија во јули 2013 година е позитивен развој на настаните, но европското опкружување и реформската инерција на Владата веројатно ќе ги ограничи бенефициите за кои се верува дека би требало да пораснат”, стои во соопштението на агенцијата за издавање кредитен рејтинг.

И Агенцијата Standard & Poor’s кон средината на декември минатата година го намали кредитниот рејтинг на оваа земја. Хрватска сега има најлош кредитен рејтинг од јануари 1997 година.