
Аналитичарите од инвестициската куќа „Морнингстар“ проценија дека „Спејс-екс“ вреди околу 780 милијарди долари, што е значително помалку од 1,75 трилиони долари на кои компанијата има намера да биде проценета во претстојната првична јавна понуда (IPO).
Во извештај објавен пред почетокот на презентацијата пред инвеститорите, се наведува дека перспективите на компанијата на Илон Маск во областа на вештачката интелигенција се сè уште неизвесни, и покрај високите очекувања на пазарот, пренесува „Ројтерс“.
Поточно, аналитичарите укажуваат на неизвесност во врска со компанијата xAI и нејзиниот чет-бот „Грок“, оценувајќи дека тие во моментов заостануваат зад водечките конкуренти на пазарот на вештачка интелигенција.











