Московската берза падна за речиси 12 отсто на денешното отворање

70

Московската берза падна за речиси 12 отсто на денешното отворање, поради серијата ракетни напади врз неколку украински градови и делумното уништување на мостот што ги поврзува континентална Русија и анектираниот полуостров Крим во текот на викендот.

Главниот индекс Moex, деноминиран во рубља, падна за 11,9 отсто (во 7:03 часот по Гринич), накратко падна на 1.780,39 поени, под границата од 1.800 поени за прв пат од 24 февруари и почетокот на руската инвазија на Украина, пренесува Бета.

Индексот РТС (деноминиран во долари) падна за 13 отсто, на 909,26 поени.

Да потсетиме дека Московската берза изгуби 22 отсто од вредноста на индексот за само 24 часа во февруари, по што тргувањето на неа беше официјално прекинато на два дена.