Индексот на Московската берза денеска е во пораст, додека повеќето европски пазари сè уште се затворени поради празниците, а американските берзи полека се будат по божиќната пауза.
Вредноста на индексот на Московската берза во 9 часот и 30 минути изнесуваше 2.757,27 поени, а Централната банка на Русија денеска објави дека од 9 јануари ќе продолжи со продажбата на валути на домашниот пазар.
На крајот на ноември банката престана да продава валути со цел да го стимулира курсот на рубљата, кој во тоа време беше во значителен пад, пренесува Комерсант.