Мост преполн со зеленило и диви животни ќе се протега над сообраќајниот метеж на автопатот I – 90 во американската држава Вашингтон.
Секојдневно, над 27.000 возила поминуваат по овој автопат, поради што се отежнува движењето на животните по оваа фреквентна делница.
“Доколку го спречиме слободното движење на животните, ние ја блокираме нивната способност да најдат храна и живеалишта и да можат нормално да живеат и да се развиваат во природни услови“, изјави Џен Воткинс, координатор на организацијата I – 90 wildlife bridges coalition.
Првата фаза од изградбата е веќе почната, а се очекува мостот да биде комплетиран во 2018 година.
Од земјите во Европа, Холандија може да се пофали со 600 вакви мостови.