Motorola влегува во бизнисот со Android телевизори

26

Motorola претстави своја линија на Android заедно со индиската веб страна за е – трговија FlipKart.

Станува збор за Motorola TV, серија на паметни телевизори со IPS и големини на екран од 32 до 65 инчи. Телевизорите доаѓаат со Dolby Vision и HDR 10, заедно со Android 9.0 оперативен систем, како и безжична Android TV конзола.

Серијата со понизок опсег ќе има екрани со 1.080 пиксели, додека 43-инчните и оние поголемите телевизори ќе бидат опремени со 4K технологија.

Од Motorola India посочуваат дека телевизорите ќе бидат специјално адаптирани за Боливуд филмови, пишува Engadget. За игри и “паметни ТВ задачи“ уредите ќе имаат Mali 450 компјутерски системи со 2,25 GB RAM меморија и 16GB простор за складирање.

Во светот веќе е тренд брендовите за паметни телефони да претставуваат и вакви телевизори. Освен Motorola, OnePlus и Xiaomi веќе имаат свои верзии на пазарот.

Фото: Pixabay