Може да биде продолжен рокот за неискористените аранжмани за патување

24

Министерот за економија, Крешник Бектеши не ја исклучува можноста доколку е потребно да биде продолжен рокот за неискористените аранжмани што граѓаните ги платиле, а не можеле да ги искористат поради пандемијата.

Бектеши рече дека 90% од овие аранжмани биле за Грција.

“Со уредба со законска сила минатата година направивме измена во Законот за туристичка дејност со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните кои веќе платија аранжмани, а не можеа да ги искористат поради рестриктивните мерки. Речиси 90% од овие аранжмани, кои се пријавени во Министерството за економија, се за патување во Грција. Во случај и оваа година да не можат да бидат искористени, секако дека ќе направиме измени и ќе го продолжиме рокот“, рече Бектеши, додавајќи дека секојдневно се следи ситуацијата.

Фото: Pixabay