Данскиот производител на детски играчки, Lego четврта година по ред е најценета компанија во светот, покажува истражувањето на Reputation Institute.
Како втора најценета компанија во светот се наоѓа Disney, а двете компании се меѓу 10-те најценети во светот уште од 2011-та година, пишува CNBC.
Иновациите, инвестициите во обука на персоналот и фокусот ставен на квалитетот им помогнаа да ја задржат добрата репутација, покажува истражувањето во коешто се вклучени над 80.000 луѓе од 15 земји во светот.
Lego доби 78,9 од вкупно 100 поени, додека оценката на Disney е 78,1. Овие две компании се најдоа на самиот врв благодарение на нивните иновации, стримингот на Disney и рециклираните коцки на Lego.
Меѓу 10-те најценети компании се најдоа и: Rolex, Ferrari, Microsoft, Levi Strauss, Netflix, Adidas, Bosch и Intel.
Истражувањето се фокусира на тоа како луѓето ги доживуваат компаниите, нивните производи, начинот на управување, стилот на лидерство, финансиска успешност, степен на иновации и какво влијание имаат врз општеството во целина.
Фото: Pexels