Австрискиот огранок на Дојче телеком, T-Mobile Austria, би можел да ги намали инвестициите, па дури и да се повлече од Австрија ако не му се допушти рамноправно да конкурира со конкурентите кои ќе добиваат фреквенции во мрежата на четвртата генерација LTE, изјави извршниот директор Андреас Бирвирт, пренесува Ројтерс.
T-Mobile Austria е втор најголем мобилен провајдер во Австрија по Телеком Австрија. Двата помали ривали, француски Orange и британскиот Hutchison 3G UK (H3G) сакаат да се поврзат и регулаторните тела моментално ја проучуваат предложената трансакција.
Бирвирт во интервју за WirtschaftsBlatt рече дека го загрижува расплетот во кој H3G би добил фреквенција за LTE, а регулаторите истовремено би го одобриле предложеното спојување. Во тој случај H3G и А1 во сопственост на Телеком Австрија би имале предност од две години во распределбата на фреквенции кои на iPhone 5 на Apple би им овозможиле употреба на LTE мрежата.
“Тоа би бил случај на големо ограничување на конкуренцијата”, вели Бирвирт. Во тој случај, T-Mobile би бил присилен да ја преиспира својата пазарна позиција. Запрашан дали е можно T-Mobile да ја напушти Австрија, одговори дека не сака да исклучи ниту една можност.
Австриските регулатори одрекуваат дека Европската унија и домашните официјални лица веќе се договориле да го одобрат превземањето на H3G врз Orange.