Можно повлекување на милијaрди од швајцарските банки

101

УБС очекува дека европските клиенти од швајцарските банки ќе повлечат стотици милијарди франци, што ќе биде резултат на спречување на странците да ги користат тајните сметки за да ги избегнат даноците, пишува Ројтерс.

Аналитичарите сметаат дека швајцарските банки може да останат без 12 до 30 милијарди швајцарски франци. Сето ова се случува како резултат на реорганизирање на финансискиот центар, како и воведувањето на данок на добивка. Германските експерти пак проценуваат дека до 2016 година од швајцарските банки ќе повлечат 200 милијарди франци, од вкупно 789 милијарди евра имот ослободен од данок. Швајцарската банкарска тајна и помогна на Швајцарија да стане офшор финансиски центар во кој доминираа УБС и Кредит Свис.