Mожност за ангажман на македонски компании во Казахстан

53

24052013123037_kazahstanСпоред проценките на македонските претставници на економскиот форум што се одржува деновите во Казахстан, оваа земја може да привлече ангажирање на македонски, во прв ред градежни домашни компании.

Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо посочува дека Казахстан е земја којашто ги спојува северот и југот во Азија и претставува значаен транспортен коридор од Кина кон Русија и западна Европа.

“Поради огромните извори на нафта и гас, Казахстан станува сé поважен меѓународен фактор. Она што оваа економија може потенцијално да го нуди за Македонија, се две различни компоненти. Прво, потенцијалот на македонски компании да настапат на нивниот локален пазар. Пред сé, тука би биле градежните компании, но и фармацевтските компании. Од друга страна, тука се потенцијалите на нивниот државен фонд, кој разгледува кои се потенцијалните места за инвестирање”, вели Мизо.

Министерот без ресор, задолжен за привлекување на странски инвестиции, Бил Павлески потенцираше дека присуството на форумот во Казахстан има големо значење, не само затоа што економскиот форум ги поврзува Европската унија и азиските земји, влијанието е големо затоа што претставници од 130 земји ги презентираат нивните решенија што би ја решиле финансиската криза на глобалниот пазар.

Македонската владина делегација во Казахстан ја предводеше  премиерот, Никола Груевски, а во чиј состав беа и министерот без ресор, задолжен за привлекување на странски инвестиции, Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо.