Можност за добивка на iPhone 6s со секоја онлајн платена сметка во Вип

30

vip

Телекомуникацискиот оператор Вип објавува игра со којашто ги поттикнува корисниците да ги плаќаат своите сметки онлајн и со тоа да имаат можност да добијат вредни награди и секој од нив е потенцијален добитник на престижниот iPhone6 S16GB, стои во соопштението.

Во оваа игра, автоматски и без никаков влог, земаат учество сите приватни и деловни постпејд корисници, со активен претплатнички договор на оне.Вип кои ќе ја платат својата сметка онлајн во предвидените циклуси.

Со секое плаќање на сметката онлајн, корисниците добиваат можност да станат еден од 10-те среќни добитници на iPhone 6s 16GB, којшто ќе биде доделен во наградното извлекување еднаш месечно во три круга. Вкупно се доделуваат 30 телефони, а корисниците кои ја активирале услугата Електронска сметка, со што се откажале од својата хартиена сметка и кои ќе ја платат својата сметка онлајн имаат двојна шанса за добивка.

Корисниците може да ги платат своите сметки онлајн преку: Плати сметка на www.vip.mk, преку веб услугата Мојот Vip и преку мобилната апликација Мојот Vip.

Добитниците на наградите ќе бидат прогласени по трите извлекувања што ќе се одржат на 10-ти ноември, декември и јануари.

По завршувањето на извлекувањето, добитниците на наградите, најдоцна во рок од три дена од извлекувањето јавно ќе бидат објавени на официјалната Фејсбук страница на оне.Вип и на www.vip.mk.