На 27-28 јануари 2016, во Даблин ќе се одржи SVOD Europe конференција, настан за сите заинтересирани за иновации, за оние што бараат инвестиции или сакаат да инвестираат или коишто сакаат да ги презентираат своите проекти на старт-ап натпреварот.
Конференцијата што ќе се одржи под наслов Еднорог наспроти нарвал. Мит наспроти реалност (Unicorn vs Narwhal. Myth vs Reality), се организира со поддршка на седиштето на Google во Европа што се наоѓа во Даблин. Целта е да се креира платформа за претприемачи од Источна Европа да се сретнат со инвеститори од Силиконската долина и Западна Европа.
Своите технолошки проекти можат да ги пријават претприемачи од Македонија, Србија, Албанија, БиХ, Хрватска, Црна Гора, Косово, Словенија, Бугарија, Белорусија, Чешка, Естонија, Унгарија, Ирска, Израел, Латвија, Литванија, Молдавија, Полска, Романија, Русија, Словачка или Украина.
Рокот за пријавување е 7 декември 2015 година. Повеќе информации на следниот линк: http://svod-europe.com/conference/startup-competition/.
Пет победници од првиот ден ќе имаат презентација на вториот ден на Конференцијата, а од нив тројца ќе бидат прогласени за победници.
Стартапи што ќе аплицираат, но нема да бидат селектирани да се презентираат, можно е да бидат повикани да учествуваат на Конференцијата.
Заинтересираните можат да се регистрираат на http://svod-europe.com/register/.
Пријател – поддржувач на настанот од Македонија е CEED Macedonia.