Можности за стипендирање магистерски студии на Универзитет Американ Колеџ Скопје

270

sl 1 zeni

МБА Стипендија за жени во бизнисот

Конкурс за доделување целосни стипендии за МБА на Факултетот за деловна економија и организациски науки, Универзитет Американ Колеџ Скопје

1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ 

Универзитет Американ колеџ Скопје (УАКС) е општествено одговорна компанија, која меѓу другото, придонесува кон развој на човечкиот капитал и потенцијал во Република Македонија. УАКС меѓу другото се грижи и за рамноправноста и вклучување на жената на високи извршни позиции во деловната заедница. За таа цел, оваа година Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) за академската 2015/2016 година доделува целосна МБА стипендија на Факултетот за деловна економија и организациони науки.

2. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат сите жени кои имаат завршено додипломски студии во Македонија или странство и имаат 2 години работно искуство, а ги исполнуваат следните услови:
1. Да се државјани на Република Македонија или странски државјани со регулиран престој во Македонија;
2. Да имаат завршено додипломски студии;
3. Да имаат просек од минимум 8 на додипломски студии
4. Одлично познавање англиски јазик.

3. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ 

Кандидатите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат пријава која е објавена на веб страната на УАКС почнувајќи од 09.10.2015 година до 25.10.2015 година и да ја достават електронски на една од следните е-маил адреси: graduate@uacs.edu.mk или (телефон за контакт: 2 463 156 / локал 129).

Потребни документи за конкурсот да се пратат по пошта:
1. Две препораки,
2. Мотивационо писмо,
3. Потврда за одлично познавање на англиски јазик,
4. Копија од уверение за завршен прв циклус студии,
5. Биографија

4. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА СТУДЕНТИ КОИ МОЖАТ ДА СТЕКНАТ ПРАВО НА СТИПЕНДИЈА 

tabela

Комплетната документација да се испрати по пошта најдоцна до 25.10.2015 на адреса:
Универзитет Американ Колеџ Скопје
(Комисија за избор на МБА стипендисти)
Трета Македонска Бригада Бр.60
1000, Скопје

Селекција
Селекција и рангирање ќе биде одржана на Универзитет Американ колеџ Скопје.
Ќе се спроведат интервјуа со кандидатите кои ги исполнуваат наведените услови и ќе влезат во потесен круг на избор.

Краен рок за пријавување: 25.10.2015

Повеќе информации тука.

sl 2 cementarnica

Стипендии за магистерски студии по менаџмент од страна на Цементарница Усје и УАКС

Врз основа на договорот за соработка и стипендирање на постдипломски студии склучен помеѓу Цементарница УСЈЕ АД Скопје и Универзитет Американ Колеџ Скопје, се распишува:

Конкурс за доделување целосни стипендии за постдипломски студии – насока менаџмент на Факултетот за деловна економија и организациски науки, Универзитет Американ Колеџ Скопје

1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ 

Цементарница УСЈЕ АД Скопје е општествено одговорна компанија, која меѓу другото, придонесува кон развој на човечкиот капитал и потенцијал во Република Македонија. За таа цел, Цементарница УСЈЕ АД Скопје во соработка со Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) за академската 2015/2016 година доделува целосни стипендии за постдипломски студии на програма на Факултетот за деловна економија и организациони науки – насока менаџмент.

2. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат сите кандидати кои ги исполнуваат следните услови:

1. Да се државјани на Република Македонија или странски државјани со регулиран престој во Република Македонија;
2. Да имаат 240 ЕКТС во текот на студирањето и просек од минимум 8;
3. Одлично познавање англиски јазик;
4. Интерес и посветеност на полето на ангажираност;
5. Висока мотивација и интерес за постдипломски студии.

3. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ 

Кандидатите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат пријава која е објавена на веб страната на Цементарница УСЈЕ и УАКС почнувајќи од 09.10.2015 година до 25.10.2015 година и да ја достават електронски на е-маил адреса: graduate@uacs.edu.mk (телефон за контакт: 2 463 156 / локал 129).

Потребни документи за конкурсот: 
1. Копија од потврда за државјанство или регулиран престој во РМ;
2. Копија од уверение за остварени 240 кредити и просек;
3. Потврда за одлично познавање на англиски јазик;
4. Две препораки;
5. Мотивациско писмо и биографија.

Комплетната документација може да се испрати на е-маил адреса graduate@uacs.edu.mk или по пошта најдоцна до 25.10.2015 на адреса:

Универзитет Американ Колеџ Скопје
(Комисија за избор на МБА стипендисти)
Трета Македонска Бригада Бр.60
1000, Скопје

Селекција
Селекцијата и рангирањето ќе бидат направени од страна на Цементарница УСЈЕ АД Скопје и Универзитето Американ Колеџ Скопје. Само избраните кандидати за интервју ќе бидат контактирани.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Краен рок за пријавување: 25.10.2015

Повеќе информации тука.