Пребарувачот Mozilla објави дека ќе претстави мобилни телефони кои работат на оперативен систем Firefox. Firefox OS со конкуренцијата ќе се натпреварува под маркетиншко лого “Пуштете ја лисицата”.
“Кога го започнавме проектов пред година и половина, цел ни беа таблетите пред мобилните телефони, затоа што се слични на десктопот – поголем екран и подобро може да се следи содржината. Меѓутоа, подоцна ни стана јасно дека случувањата сега се околу паметните телефони, барем така е годинава. Таблетите ќе бидат нашиот следен чекор, дефинитивно ја гледаме иднината таму”, изјави Андреас Гал, директор на одделот за истражување на Mozilla.
Од Mozilla велат дека воспоставиле соработка со 18 телеоператори и четири произведувачи на мобилни телефони ширум светот. Првите телефони со Firefox ќе ги произведуваат Alcatel, LG и ZTE, а понатаму ќе им се придружи и Huawei.
Во меѓувреме и Sony најави дека во соработка со Телефоника, во 2014 година ќе претстави сопствен уред со Firefox.