mPiano – футуристичко пијано од AlphaPianos и Porsche Design

115

p1.0.0Австриската компанија AlphaPianos за изработка на компактни и лесно преносливи инструменти заедно со групацијата Porsche Design креираа футуристичко електрично пијано наречено mPiano, пишува Pursuitist.

Под секој од 88-те клавиши, коишто се комбинација од механички и електронски компоненти, се наоѓаат прилагодливи активатори. Истите му овозможуваат на корисникот да го прилагоди отпорот и тежината на клавишите со цел да создаде свој уникатен начин на свирење. Тие се осетливи и на допир, па доколку со прстот лизгате нагоре – надолу клавишите ќе ја променат јачината на звукот.

Пијаното доаѓа заедно со апликација дизајнирана од Alpha Piano со чија помош корисникот ќе може да го промени квалитетот на звукот.

Со својот уникатен изглед ова пијано ја освои интернационалната награда за дизајн Red Dot Award.

piano-800x600