Мршиќ: Подравка ја разгледува можноста за аквизиции на повеќе пазари

46

podravkaПретседателот на управата на хрватската компанија Подравка, Звонимир Мршиќ, во интервју за Вечерњи лист вели дека оваа компанија ја разгледува можноста за аквизиции на повеќе пазари.

На прашањето дали Подравка без поголема аквизиција или голема инвестиција во источните пазари може да остане значајна регионална компанија во прехранбената индустрија, Мршиќ вели дека Подравка мора да покаже способност за раст, и органски и аноргански.

“Анализираме поголем број на цели во двете дивизии на поголем број пазари. Кога ќе бидеме подготвени за аквизиција, ќе ги разгледаме и начините на финансирање. Една од можностите е докапитализација. Подравка не е (пре)задолжена компанија, па имаме простор за финансирање на аквизиции”.

Мршиќ вели дека за секоја група пазари имаат специфично дефинирани очекувања, а Русија е пазарот од кој очекуваат најголем раст. Од производите што ги нуди оваа компанија, во Европската унија и Русија расте продажбата на најпознатиот бренд Вегета.