MSR SE200 создава хлор за прочистување на загадена вода

97

ured za hlor 1

MSR SE200 е уред што може да го обезбеди неопходниот хлор за пречистување на загадена вода за пиење.

За добивање хлор, MSR SE200 користи само вода, сол и енергија. Корисникот најпрво треба да измеша сол и вода во одредена количина и мешавината да ја додаде во уредот. Потоа, MSR SE200 треба да се поврзе на струја или батерија од 12 волти. Штом се притисне копчето за старт, уредот го започнува процесот на електролиза, по што се добива хлор, којшто за кратко време може да прочисти и до 200 литри вода.

hlor

Зад дизајнот на уредот стои американската компанија Mountain safety research MSR, којашто бара финансиска поддршка од 50.000 долари на глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo.

Нивната цел е до крајот на 2017 година да направат 2.500 уреди што можат да ги користат луѓето од најзагрозените подрачја во светот. На тој начин ќе се обезбеди чиста вода за пиење на околу 500.000 луѓе.