Му било досадно на работа, тужел и доби 40.000 евра

758

Фредерик Деснард, кој во 2015 година работел како менаџер во париска парфимерија, го тужел својот поранешен работодавец бидејќи работата му била досадна. Бизарниот судски процес се “влечеше“ уште од 2014 година, а на насловните страни во светските медиуми излезе во 2016 година. Деснард покренал тужба против француската парфимерија Interparfums за цифра од 400.000 долари поради работа на досадна работа којашто го довела до депресија.

Исто така, тврдеше дека компанијата му ја откажала работата на неколку месеци, а подоцна го искористила неговото продолжено отсуство како изговор на крајот да го отпушти.

Минатата недела, по четири години судење, 48-годишниот Деснард победи на суд и доби отштета 40.000 евра.

Судот во Париз пресудил дека Деснард пати од досада. Адвокатот на поранешниот менаџер тврдеше дека недостатокот на стимулација на работа направило да се чувствува уништен и посрамотен.

“Влегов во депресија. Ми беше срам дека сум платен, а не работам ништо“, изјави Французинот.

Деснард рече дека од него било барано само да завршува некои ситни задачи во период од четири години. Тие задачи вклучувале поставување на компјутер, пуштање на водоинсталатерот во домот на неговиот шеф, итн.

Interparfums се бранеле тврдејќи дека немало приговор од Деснард за досадната работа и недостаток на стимулации во тие четири години, туку откако дознал дека ќе стане вишок.

Фото: Freepik