Mу нудат работа на хакерот кој им украде милиони

113

Блокчејн платформата Poly Network, чиишто 611 милиони долари неодамна беа украдени во сајбер грабеж, на хакерот што стои зад нападот му понудила работа како советник за ИТ безбедност на компанијата.

Компанијата минатата недела преку својот Тwitter профил објави за грабежот што се случи, идентификувајќи три адреси на кои наводно биле префрлени украдените средства. Меѓутоа, следниот ден, речиси половина од украдениот имот и бил вратен.

“За да му се заблагодариме и да го охрабриме хакерот да продолжи да придонесува за безбедноста на блокчејн светот со нашата компанија, срдечно го покануваме да биде главен советник за безбедност на Poly Network“, се вели во соопштението на компанијата, пренесува CNBC.

Фото: Pixabay