Mudita Pure – минималистички телефон што нема интернет

65

Mudita Pure е телефон којшто ги има само основните функции, како јавување и пишување на текстуални пораки.

Изумот е дело на старт – ап од Варшава, Полска, а неговиот екран e 7,2 сантиметри дијагонално.

Со резолуција од 600 x 480, наместо сината светлина што ја емитуваат смартфоните,  Mudita Pure има екран со едноставно e-мастило со 16 нијанси на сиво.

Сепак, она што е најинтересно е дека телефонот нема интернет пребарувач, нешто што денес е незамисливо.

Mudita Pure може да се поврзе со лаптоп или друг уред преку USB-C влез и да добие функција на модем секаде каде што има телефонска мрежа. Корисникот може од ограничениот начин на работа Do Not Disturb, да преминe во offline и да не добива никакви повици и пораки.

Телефонот има инсталирани неколку алатки како потсетник, аларм, музички плеер, светилка, дигитрон, календар и друго.

Батеријата на Mudita Pure се полни преку USB-C влез, а трае до пет дена со нормално користење.

Производот има своја кампања на платформата Kickstarter, каде има собрано двојно од бараната сума. Цените започнуваат од 295 долари,а испораките се очекуваат следната пролет.

Фото: Kickstarter