Мудри мисли од Сара Блејкли, креаторката на Spanx

92

Пред 18 години Сара Блекјли ги креираше Spanx, а денес е една од најуспешните жени во бизнисот. Еве неколку мудри мисли токму од иноваторката која на жените им подари “поубаво тело“.

Многу е важно да сте подготвени да направите грешки. Најлошото што може да се случи е да ве запомнат по тоа.

Неуспехот не е исход. Неуспех е да не се обидеш. Затоа не плашете се кога обидот ќе излезе неуспешен.

Бидете различни и покажете го тоа на секој можен начин. Во што се разликувате? Зошто клиентот да ве одбере токму вас?

Треба визуелно да си замислите каде се гледате себе си во иднина и да одите по зацртаниот пат.

Во бизнисот многу често ќе го слушенете зборот НЕ. Вербата во своите способности биде тоа што ќе ве тера да продолжите понатаму.

Слушањето на интуицијата е како да вежбате одреден мускул. Што повеќе ја слушате толку посилна станува.

Секогаш бидете љубезни. Некои луѓе ќе ве сакаат, некои не, но се додека сте љубезни и ја знаете причината зошто тоа го правите, ќе можете да ги оставите грижите зад себе.

Не се плашете ако не знаете нешто. Тоа може само да ви даде сила и да ви покаже дека работите поинаку од останатите.

Фото: Spanx