Мукаетов реизбран за член и претседател на Управниот одбор на Алкалоид

88

zivko-mukaetov

Живко Мукаетов е реизбран за член и претседател на Управниот одбор на фармацевтската компанија Алкалоид.

Поради истекот на мандатот на членовите на Управниот одбор на Алкалоид, како што се наведува, Надзорниот одбор донесе одлука за избор на членови на УО. За членови на УО повторно се избрани: Живко Мукаетов, Милкица Глигорова, Ѓорѓи Јованов, Ќире Ицев и Виктор Стојчевски.

“Членот на Управен одбор на Алкалоид, Живко Мукаетов, се именува за претседател на Управниот одбор на Алкалоид. Претседателот на УО на Алкалоид го застапува Друштвото во односите со трети лица, без ограничување и носи назив генерален директор“, стои во известувањето за измени во органи на управување објавено на Македонска берза.

Членовите на Управниот одбор се избрани за период од шест години, сметано од 21.11.2016 година.