Мукаетов: Во првиот квартал од 2023 година 78 % од нашиот пласман беше наменет за извоз

129

Денес „Алкалоид“ е меѓу водечките фармацевтски индустрии во Југоисточна Европа, со близу 2.700 вработени, со продажба во околу 50 земји и со добро распространета продажна мрежа од 21 канцеларија во 15 земји.

За тоа кои нови технологии се користат во производството за да се подобри квалитетот на производот? Колку се инвестира во модернизација на софтверот и колку е важен стручниот кадар кој раководи со процесите? Какви се плановите за идните инвестиции и за натамошниот развој? Што е научено од пандемијата на КОВИД 19 и многу други прашања одговори во интервју за српскиот магазин PROFIT даде Генералниот директор / Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов.

На прашањето на кои пазари се извезувааат  производите на Алкалоид, Мукаетов нотира дека во првиот квартал од 2023 година 78 % од пласманот бил наменет за извоз, а земјите од регионот се традиционални извозни пазари, при што генерации пораснаа и растат со производите на македонскиот фармацевтски гигант.

„За 85-годишниот јубилеј на „Алкалоид“ историјата на компанијата ја поставивме во Музејот на град Скопје. Во текот на подготовките добивме сапуни Becutan со прекрасна порака од човек од Босна, кој претпоставува дека нашите производи ги купил во осумдесеттите години од минатиот век. Имаше и писмо напишано на рака во кое пишуваше: „По сето ова време го задржаа својот квалитет. Ќе продолжиме да бидеме ваши верни купувачи“. Задоволството е навистина големо кога еден бренд ќе стане составен дел од животот на луѓето, нешто во што веруваат со години и чиј квалитет ја оправдува нивната доверба. Но, кога една приказна ќе успее во помали размери, тогаш е нормално да продолжи натаму. Освен во земјите од регионот, извезуваме и во Европската Унија, Источна Европа, Северна Америка, како и во некои земји од Блискиот Исток, а Канада, Италија, Австрија, Шпанија, Португалија, Монголија и Саудиска Арабија се новите пазари кои ги додадовме на списокот во последните неколку години. Глобализација на брендот „Алкалоид“ е патеката на која планираме да останеме фокусирани“, вели Мукаетов.

Целото интервју на следниов линк