Müller трговија Загреб и Конзум потпишаа договор според кој Müller ќе го преземе работењето со дрогериите под брендот Козмо. Козмо се специјализирани продавници под капата на трговскиот ланец Конзум, кој е во сопственост на концернот Агрокор.
Оваа соработка на Müller ќе му овозможи зајакнување на присутноста и позицијата на хрватскиот пазар, додека на Конзум ќе му обезбеди фокус на главниот бизнис, јавува ХРТ.
Вредноста на трансакцијата не е наведена.
Козмо е основан 2009 година и има 70 продажни места во Хрватска, со преку 400 вработени.
Müller е основана 1953 година во Улм, Германија. Има 736 продавници во неколку земји – Германија, Швајцарија, Унгарија, Австрија, Шпанија, Словенија и Хрватска.