Мултифункционален мебел – тепих се трансформира во кауч

34

5

Архитектот Алесандро Изола смисли неверојатен тепих кој може да ја менува својата форма и да се трансформира во кауч. Ова мултифункционално парче мебел го нарече “софа за сопнување“ бидејќи честото сопнување од тепихот во неговиот дом му е инспирација за оваа креација.

4

“Вообичаено луѓето го враќаат превитканиот дел од тепихот откако ќе се сопнат, но во овој случај не е така. Тепихот е дизајниран така што делот што ќе се превитка може да послужи како кауч за седење“, вели Алесандро на неговата официјална страница.

1

Флексибилноста на материјалот овозможува лесно и едноставно формирање на удобен кауч за одмор или дружење со пријателите.

2