Архитектонското студио FAAB Architektura дизајнираше комплекс на музичка академија чија задача ќе биде да се бори со смогот во полскиот град Краков, пишува Arch Daily.
Музичката академија би требало да се гради на местото на поранешната воена база во Краков на површина од 1.300 метри квадратни. Овој објект на ефикасен начин ќе го реши проблемот со загадувањето, бидејќи може да ја замени функцијата на 33.000 дрвја.
Планирано е до музичката академија да се доаѓа само пеш или со велосипед, а се разгледува и опцијата за сообраќање на трамвај.
Проектот предвидува три основни објекти: дел каде што ќе се одржуваат предавањата, концертна сала и мала зграда за гости. Тие се поврзан со лавиринт што ги опфаќа и постоечките дрвја.
Планирано е комплексот да биде самоодржлив, да ја користи дождовницата и другите природни ресурси.