Музичкиот плеер Winamp се враќа на голема врата

26

Winamp, познатиот музички плеер којшто за прв пат беше претставен во 1997 година, се враќа кај корисниците како мобилна апликација, пишува The Verge.

Омилениот плеер овој пат ќе ја вклучува сета музика што ќе си ја одбере корисникот, од плеј листи и подкасти до радио стриминг.

Winamp беше мега популарен, бесплатен музички плеер познат по својата практична примена. Во 2002 година плеерот беше купен од страна на AOL, а потоа продаден на Radionomy во 2014. Својата последна надградба Winamp ја имаше во 2013 година.

Планот на менеџментот од Radionomy е да го апдејтира плеерот за десктоп и мобилна верзија со тоа што истиот ќе стане единствено пребарувачко искуство за сиот аудио материјал што корисниците го користат од различни извори.

Верзијата 5.8 ќе пристигне оваа недела со цел да исправи некои грешки и проблеми со компатибилноста, додека целосно новата верзија Winamp 6, ќе биде достапна следната година.

Фото: Facebook