My Drawing Board, ергономска маса за уметници, дизајнери, архитекти

81

m

Фото: Kickstarter

Францускиот дизајнер Бенџамин Бенаис дизајнира функционална ергономска маса за уметници, дизајнери, архитекти којашто ќе им обезбеди поудобна и организирана работна средина.

My Drawing Board e функционална маса што во зависност од потребата на корисникот може да се поместува на седум различни нивоа. На неа има посебен дел каде може да се остави техничкиот прибор (острилки, моливи, пенкала, гуми) и други предмети. Масата којашто лесно може да се складира и транспортира, исто така, има и простор за чување на хартија.

Поставена е на платформата за групно финансирање Kickstarter каде треба да собере 7.000 евра. На 22 дена од завршување на кампањата оваа функционална маса веќе има собрано 15.995 евра.