My Wellness Time – апликација за здрав живот на Бамби

19

my_wellness_time_aplikacija_021014

Српската компанија Бамби и брендот Wellness ја претставија андроид апликацијата и нараквицата My Wellness Time, наменета за сите оние кои сакаат да ја следат својата физичка активност и да водат здрав живот.

Со изборот на опциите на нараквицата, корисникот може да ја види дневната количина на потрошени калории, поминато растојание и број на поминати чекори во текот на денот, односно квалитетот и длабочината на сонот во текот на ноќта.

Апликацијата и нараквицата меѓусебно се поврзани со помош на Bluetooth, а се многу едноставни за користење и на корисникот му помагаат на основа добиените информации да го подигне квалитетот на живот на повисоко ниво.

“Откако минатата година на потрошувачите им овозможивме преку оваа апликација да добиваат корисни совети за здрав и среќен живот во областа на исхраната и фитнесот, одлучивме на љубителите на велнесот да им овозможиме да го следат сопствениот организам. Тоа беше следниот логичен чекор и веруваме дека нашите потрошувачи со задоволство ја користат новата апликација и наракавица, за да ги следат своите активности“, вели Милорад Секулиќ, бренд менаџер на компанијата, пренесува E – Капија.