На 14 мај Грција ќе ги отвори границите за нашите граѓани

65

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека во разговор со својот грчки колега Харис Теохарис било соопштено дека на 14 мај Грција ќе ги отвори границите за нашите граѓани.

“На 14 мај границите ќе се отворат, а за влез во Грција ќе биде потребно или потврда односно сертификатот кои ние ќе го издаваме за вакцинација или негативен ПЦР тест не постар од 72 часа“, изјави Филипче.

На прашањето дали граѓаните кои примиле вакцина во Србија ќе добијат нови документи, министерот спомена дека на граѓаните кои се вакцинирале во соседна Србија ќе им важат веќе дадените сертификати.

Фото: Pixabay