На авиокомпаниите им треба помош од 80 милијарди долари

40

Авиокомпаниите во светот имаат потреба од дополнителна помош од 70 до 80 милијарди долари за да може да ја преживеат кризата.

“Исклучително сме благодарни што владите во тој сектор вбризгаа 160 милијарди долари. Потребите на оваа индустрија за наредните месеци се проценува на 70 до 80 милијарди долари дополнителна помош. Во спротивно, некои авиокомпании нема да преживеат“, вели Александар Де Жинијак, генерален директор на меѓународната транспортна асоцијација за авиосообраќај (IATA – International Air Transport Association), пренесува Ројтерс.

Иако развојот на вакцината против коронавирусот влева надеж, шефовите на авиокомпаниите не очекуваат враќање на масовните патувања.

Проблемите се очекува да се зголемат во текот на зимските месеци, кога во нормални околности овој сектор има помали финансиски приливи. Повторниот раст на бројот на заразени и воведените ограничувања за патување дополнително ја усложнуваат целата ситуација.

Според проценките на IATA, загубите на авиокомпаниите се очекува оваа година да бидат околу 87 милијарди долари.

Фото: Freepik