На Богородица се чека половина час за излез

По околу половина час се чека за влез во државава на граничниот премин Табановце и за излез од државава на ГП Богородица, информира утрово Автомотосојузот на Македонија.

Поради летните одмори, гужви на овие гранични премини имаше и вчера.

На останатите гранични премини нема поголеми задржувања. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во земјава воведен е летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.