На ЕУ ќе и бидат потребни 195 милијарди евра за енергетска независност од Русија

64

На земјите од Европската унија ќе им бидат потребни 195 милијарди евра во следните пет години за да се ослободат од енергетската зависност од Русија, пишува Фајненшл тајмс.

Ваков буџет е вклучен во проектот за забрзана енергетска транзиција подготвен од Европската комисија, нагласувајќи дека брзо отфрлање на руските енергетски ресурси е можно само преку преориентација кон чиста енергија.

За да се постигне тоа, европските земји ќе треба да ја зголемат заштедата на енергија за 13 проценти до 2030 година наместо планираните девет проценти.

Дополнително, се предвидува дека во следните осум години Европа активно ќе користи зелен водород во количина до 20 милиони тони годишно, од кои најголемиот дел ќе се увезува.

Според ФТ, овој документ официјално ќе биде претставен на 18 мај.