На ЕУ ѝ се потребни инвестиции до 800 милијарди евра годишно за да им парира на САД и Кина

30

На Европската унија ѝ се потребни инвестиции во опсег од 750 до 800 милијарди евра годишно за да може економски да се натпреварува со Соединетите Американски Држави и Кина, изјави денеска поранешниот шеф на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги.

Оваа сума е пропорционално поголема од сумата што Европа ја доби според Маршаловиот план за обнова на континентот по Втората светска војна.

Драги во својот извештај истакна и дека на Европската унија ѝ е потребна поголема координација на индустриската политика и побрз систем на одлучување, пренесува Ројтерс.