На Европа ѝ требаат 300 милијарди евра ако сака супер брза 5G мрежа

55

На Европа ѝ се потребни 300 милијарди евра во телекомуникациската инфраструктура до 2025 година доколку сака да воведе супер брза 5G мрежа во рамки на Европската унија, за да поттикне економски раст и да го искористи потенцијалот на технологијата.

Студијата што ја нарача групата за лобирање во телекомуникации, доаѓа во време кога Европската унија полага надеж дека 5G ќе ја извлече од рецесијата што ја предизвика пандемијата и дека ќе ѝ помогне да ја преземе водечката улога во областа на уреди поврзани на интернет.

Фото: Pixabay