На Европа ѝ требаат најмалку шест до осум години за да најде алтернатива за рускиот гас

13

Ќе бидат потребни најмалку шест до осум години за Европа да најде алтернатива за рускиот гас, изјави поранешната австриска министерка за надворешни работи Карин Кнајсл.

Оваа професорка и енергетска аналитичарка, која е и претседател на центарот „Горски“ на државниот универзитет во Санкт Петербург, наведува дека Европа сега се обидува да најде такви извори, како што е Катар, пренесе ТАСС.

„Се е прашање на цена и услови, но дефинитивно нема да се случи веднаш, ќе бидат потребни најмалку шест до осум години“, рече Кнајсл.

Поранешниот министер за надворешни работи на Австрија истакна дека санкциите против Русија, генерално, имале позитивна улога во развојот на руската економија.

„Тие ги принудија руските компании сами да ги решаваат проблемите“, нагласи професорката.

Таа посочи дека Русија повторно стана водечки актер во области кои не се директно поврзани со извозот на ресурси.

Кнајсл напомена и дека и се допаѓа прагматичниот пристап на Русите за решавање на проблемите.