На Германија потребно и е ново задолжување

38

На Германија потребно и е ново задолжување, смета лидерот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Саскија Ескен, за која истражувањата пред парламентарните избори во недела велат дека има најголем број поддржувачи.

Таа за Велт изјави дека во моментов има застој во инвестициите во многу области и дека има потреба од напредок во областа на дигитализацијата, поради што новото задолжување на владата е неизбежно.

Според Саскија Ескен, Германија ќе мора што поскоро да земе заеми за да инвестира во образование, заштита на животната средина, здравјето, дигитализацијата и социо-економскиот развој.

Според плановите на СПД, Германија треба да стави 50 милијарди евра достапни за инвестиции секоја година во следните десет години, пренесе Танјуг.

Ескен смета дека ова мора да биде приоритет, и пред избалансираниот буџет.

За неа, намерата на конзервативните партии ЦДУ и ЦСУ државата да не се задолжува во наредните години изгледа „како вуду магија“.