На Илоски, Максимовска Поповиќ и Џамбазовски им е продолжен мандатот во Управниот одбор на Комерцијална банка

68

Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје известува дека согласно Одлука на Надзорниот одбор на Банката и издадена согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, од – 11.06.2024 година продолжен е мандатот на постојните членови на Управниот одбор на Банката – Илија Илоски за период од четири и пол години и на Билјана Максимовска Поповиќ и Никола Џамбазовски за период од шест години.