На ИТ секторот во Србија му требаат 20.000 кадри

24

sr

Ако оваа година дипломираат 20.000 ИТ кадри, сите веднаш би се вработиле, затоа што толкав број му е потребен на ИТ секторот во Србија, вели претседателот на здружението што се занимава со неформално образование, Беум, Ѓорѓе Ѓорѓевиќ.

Според Ѓорѓевиќ, во последните години овој сектор во Србија добро напредува, од оваа работа добро се живее, а и условите за работа се на завидно ниво. Меѓутоа, кога станува збор за кадри, земјата е во голем дефицит, јавува РТВ.

Во Србија годишно дипломираат 1.500 до 2.000 ИТ експерти, а во исто време недостигаат околу 20.000, па со тоа темпо тешко може да се очекува да се исполнат барањата на пазарот, вели Ѓорѓевиќ.