На Јадранот се гради зграда каде квадрат чини 25.000 евра

30

Компанијата „Адриатик Маринас Порто Монтенегро“ од Тиват започна со промотивна кампања и претплата за продажба на станбени недвижности во новиот и досега најлуксузен и најскап кварт на наутичко-туристичкиот ресорт. Порто Монтенегро – новото крило наречено Synchro Yards, по цени до 25.000 евра за метар квадратен стан.

Таа населба ќе се гради во западниот дел на Порто Монтенегро. Подготвителните работи на тој дел се веќе во тек, а ги изведува компанијата Брив констракшн од Котор, пренесува Пословни.хр.

Synchro Yards ќе понудат нови можности кои ќе го збогатат животот во Порто Монтенегро. Synchro Yards ќе располага со клуб на плажа со базени и простори за перформанси и настани, ресторани и бутици од високата класа.

Завршувањето на изградбата е планирано за 2026 година.

Фото: facebook